611
Главниот уредник на телевизијата Алсат М, Мухамед Зекири, преку видео ја потсети градоначалничката на Тетово, Теута Арифи на ветувањата кои ги дала во предизборната кампања, а не ги исполнила.
Видеото завршува со пораката:
„Јас сум Мухамед Зеќири, главен уредник на ТВ Алсат-М и заедно со мојот тим новинари постојано ќе Ве потсетуваме дека сè уште не сте го претвориле Тетово во познат град по економскиот развој, по интелектуалната и финансиска сила, интегриран во регионалните и меѓународни текови. Следете нè. Алсат-М ќе продолжи да биде гласот на народот.“