Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.
Тој обвини дека обвинителките ја злоупотребиле јавно обвинителската функција, поточно со презентирање на лажни податоци до судот, обезбедиле наредба за претрес во Управата за финансиска полиција.
-Ние во старт знаевме дека се работи за блеф, за злоупотреба на функцијата, за прикажување лажни податоци, за немање основ да се бара наредба за претрес. Тоа се докажа и со надзорот на републичкиот јавен обвинител: „Пред Судот дало лажни податоци дека Јавното обвинителство има основи на сомнение дека е сторено кривично дело, додека во списите од предметот има само анонимна кривична пријава“, вели Муареми, цитирајќи дел од констатациите на републичкото јавно обвинителство.
Тој истакна дека во најмала рака очекувал шеф на обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да познава дел, ако не цел, Закон за кривична постапка, како и Законот за јавно обвинителство.
-Уште на почетоко нас ни беше јасно дека станува збор за чиста злоупотреба на јавно обвинителска функција. Дека претресот е неоснован, незаконски, спортивен на одредбите од Законот за кривична потапка. Одите на претрес а не знаете зошто одите и што барате, притоа во наредбата за претрес сте навеле конкретно кривично дело.
Обвинителката во барањето до судот навела дека сум сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и дека располага со докази за ОСНОВАНО сомнение дека сум го сторил тоа кривично дело. Што во превод значи дека обвинителката кога го поднесувала барањето за претрес до судот располагала со докази каква награда сум примил, од кого сум примил, за што, во кој период и сл. А доаѓа и вади наредба за претрес во која вели „Предметите оформени по поднесени анонимни кривични пријави, поднесени од 2018 година до денот на претресот“.
Па кога сум го сторил кривичното дело за кое што ТВРДИ дека има основано сомнение дека сум го сторил? 2018, 2020, на денот на претресот?, коментира Муареми.
Тој дополнува дека претресот е направен незаконски и бидејќи, законот предвидува дека кога претрес се прави во државен орган мора да се изврши во присуство на старешината.
-Извршителит на наредбата за претрес – истражителите и двајцата припадници од МВР, како и јавниот обвинител кој раководше со претресот, направија уште една злоупореба, тоа е што истите постапија спротивно тој член од Законот за кривична постапка, кој гласи „ Кога претрес се врши во простории на државни органи, институции што вршат јавни овластувања, ќе се повика нивниот старешина да присуствува на претресувањето, вели Муареми.
Додава дека во овој случај, претресот не смеел да биде започнат без присуство на старешина- во овој случај министерот за финансии (или од него назначено лице), со оглед на тоа што Управата за финансиска полиција е орган во состав на Министерството за финансии.
Директорот Муареми потенцира и дека Републичкото јавно обвинителство ги потврди сомнежите на Управата за финансиска полиција.
-Извештајот од надзорот, ги потврди нашите сомнежи дека целта во постапувањето на ОЈО ГОКК не било откривање на криминал и собирање на доказен материјал туку лична сатисфкација на одредено лице, јавно мое деградирање како директор на Управата и рушење на угледот на Управата за финансиска полиција!, вели Мареми.
Тој појаснува дека обвинителката ја дефокусирала јавноста со изјавите дека републичкото јавно обвинителство не било надлежно да изврши надзор врз нивната работа.
-Читајќи ги изјавите на обвинителката Вилма Русковска по објавениот извештај од надзорот, би сакал да нагласам дека истите се со тендеција да се направи еден дефокус на јавноста.
Републичкиот јавен обвинител со постапувањето по нашата претставка и со извршениот надзор не се меша во конкретен предмет, туку во надлежност и примена на овластувањата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и јавните обвинители, за што е надлежен според закон.
Со ваквата изјава Русковска преудицира, односно дефокусира дека надзорот е за предмет или лице, а не за направените злоупотреби.
Јас како директор не поднесов претставка зошто постапила по пријавата што ја добила против мене, јас поднесов преставка за тоа како постапила, вели Муареми.
Тој посочува членови од Законот, според кој репуличкиот обвинител со право извршил надзор.
-Член 27 ст. 4 од Законот за јавно обвинителство вели: „Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за својата работа одговара пред Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и пред Советот на јавни обвинители … “
Понатаму, член 28 од истиот закон вели: „ Надзор над законитото извршување на јавнообвинителската функција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција врши Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, потенцира Муареми.
В.В.