Вработен во обложувалница бил нападнат бидејќи на добитникот на спортска му побара лична карта, за да му ги исплати парите, информираа од МВР.
Според полицијата, синоќа во 01,00 часот во СВР-Скопје, Г.М. (37) пријавил дека на 15.02.2018 година околу 23,20 часот во спортска обложувалница лоцирана на бул.„Јане Сандански“ непознато лице изреволтирано бидејќи му била побарана лична карта за исплата на добитен тикет (согласно законските прописи за исплата на добивка) почнало да му се заканува на вработениот (пријавителот) и во еден момент со кутија полна со пенкала фрлило кон него и го погодило во лицето.
Потоа сторителот излегол надвор и земал канта за отпадоци и почнал да удира по влезната врата од објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.