505
Алијансата за Албанците отвора постапка за исклучување од партијата на советникот Орхан Гафури, чиј глас беше пресуден за да се донесе одлука споменикот на Ќосето да се носи во општина Сопиште.
„Ја информираме јавноста дека во наредните денови дисциплинската комисија при Алијансата за Албанците ќе дискутира за евентуален отказ на посочениот советник од Алијансата“, велат од Алијанса за Албанците за Телевизија 24.
Гафури, пак вчера, откако советниците од СДСМ и ДПА, алармираа дека, одлуката е донесена со помош на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албаците, излезе со тврдење дека тој гласал против и дека ќе бара повторување на постапката.