Му пратила фотографии со интимна содржина, ја уценувал да му даде 2.000 евра да не ги објави

by Fokus

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против 27-годишен Боснец, кој уценувал струмичанка да му даде пари, за да не и ги објави фотографиите со интимна содржина, информираа од МВР.

Според полицијата, во текот на декември 2017 година, преку профил на социјалната мрежа ,,Facebook’’, побарал од лице од Струмица да му испрати фотографии со интимна содржина,  Откако оштетената му пратила фотографии, пријавениот од мобилен телефон и испратил пораки во кои барал да уплати 2.000 евра на негова сметка, а во спротивно и се заканил дека фотографиите ќе ги објави на социјалните мрежи.

Поврзани новости