Хрватската поп ѕвезда Данијела Мартиновиќ и нејзината исповед за битката за мајчинство, која ја раскажа уште пред неколку години за хрватскиот ,,Јутарњи”, во време додека беше во врска со Петар Грашо, повторно е актуелна тема која се објавува во регионалните медиуми, откако Грашо вчера откри дека чека дете со својата нова девојка Хана.
Со Данијела, во 24-годишната врска не се остварија како родители, а пејачката во траорна исповед своевремено раскажа низ што минува, кога е темата мајчинство во прашање.
-Мајчинството за мене е доста тешка и лична тема од една страна, а од друга, бидејќи сум пејачка, доста е јавна. Некогаш насловите за моето неостварено мајчинство ми изгледаат простачки, некоректни… Затоа во тие најранливи моменти започнав да пишувам. Пишувам приказна во која му се обраќам на своето неродено дете, на мојата ,,Мрвица”.
Знаете, оние долги ноќи, кога имате чувство дека немаат ни почеток ни крај, чувство дека ќе останете заглавени во некоја пукнатина на времето… Сакав да и раскажам се во прво лице еднина. Детето е моја голема желба, тоа никогаш не го криев, но од некоја причина, уште не се случи… Не се откажувам од тоа да станам мајка, но исто така го прифатив фактот дека ќе можам да бидам среќна дури и ако тоа никогаш нема да се случи – раскажа Мартиновиќ за хрватскиот медиум.
Таа, како и нејзиниот сега веќе поранешен партнер Грашо, се доста популарни во Македонија. Тие се чести гости во земјава и годишно имаат и по неколку концерти и гостувања во клубови. Данијела неодамна пееше на свадба во Кавадарци, а пак Петар во ресторан во Струмица.
Вики Клинчарова