Му го украле возилото кое го оставил да работи за да влезе во продавница

by fokus

 

„БМВ Х5“ со скопски регистарски таблички било украдено вчера околу 18.00 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во истоимената општина, додека сопственикот влегол во продавница да испазарува.

Според полицијата 43-годишниот Т.И. го оставил возилото да работи и влегол во продавницата. Крадецот го искористил неговото невнимание, влегол во автомобилот и со голема брзина заминал од местото на настанот. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 750.000 денари, или околу 12.200 евра.

Поврзани новости