19-годишник удрил со БМВ во пешак

by fokus

30-годишниот скопјанец Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди откако вчера бил удрен со возило „БМВ“ додека ја преминувал улицата „Цветан Димов“ во Скопје. Според полицијата со возилото управува 19-годишниот А.А.

Ударот се случил нешто пред 21.00 часот. Д.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости