Му дошол на гости, па му го украл паричникот на домаќинот!

by fokus

Маж од кавадаречко Возарци, на возраст од 26 години пред два дена извршил кражба, и тоа од пријател, во време додека бил на гости кај него.

Д.И. бил во домот на својот 46-годишен пријател во Возарци во средата навечер. Додека домаќинот не гледал, тој успеал да му го одземе паричникот во кој имало 65.000 денари и лични документи.

Вчера во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со гостинот- крадец, а украдените документи, како и дел од парите биле пронајдени и вратени кај сопственикот.

Од СВР Велес информираат дека против Д.И. ќе следи соодветна пријава, по целосно документирање на случајот.

В.К.

Поврзани новости