Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец мај, 2020 година: Гарантиран детски додаток, детски додаток, посебен додаток за месец јуни, ЕПП за новороденче, родителски додаток за трето дете и за четврто дете, единствен родителски додаток, образовен додаток – студирање, гарантирана минимална помош ГМП, туѓа нега, поостојана и еднократна парична помош, мобилност и слепило, цивилна инвалиднина, социјално домување, социјална пензија, азиланти домување, парична помош за згрижувч, паричен надоместок за згрижувачко семејство
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 4 јуни (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денеска, 2 јуни. Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.