432
Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека согласно заклучокот на 69 седница на Владата на Република Северна Македонија, 20 aвгуст 2022 година (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово.
Од министерството додаваат дека ова е случај за непречено спроведување на изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуша, градоначалник на Општина Центар Жупа и членови на Советот на Општина Тетово и истиот нема да се одработува, имајќи го предвид Изборниот законик.