Според Кржаловски табелата не била за рејтинг туку за симпатизери на партиите

by Fokus

-Процентот на симпатизери на партиите има во прилогот на извештајот со демографските податоци за толкување на резултатите од поставените прашања и по таа основа анкетата не е за рејтинзи на партиите туку  за „100 дена Влада , вели за „Фокус“ директорот на МЦМС, Александар Кржаловски.

Согласно оваа табела, каде во последната колона стои одговор „НЕМА ДА ИЗЛЕЗАМ ДА ГЛАСАМ“ (6,0 %) „Фокус“ објави текст со наслов „Анкета на МЦМС: Ако има избори ВМРО ДПМНЕ ќе освои 20,7, а СДСМ 14,6 отсто од гласовите“.

Во текстот никаде не е навдено дека анкетата е само за рејтинзи, но сепак поради актуелната политичка состојба процентот на поддршка на партиите е најатрактивен и токму затоа е презентиран во наслов.

 

За МЦМС, анкетата ја спровел М-Проспект. Податоците биле прибирани со телефонска анкета, а примерокот е национален репрезентативен од 1005 испитаници.

Во прилог целата анкета: https://mcms.mk/images/docs/2022/100_dena_Vlada_analiza_konecna.pdf

Поврзани новости