Анкета на МЦМС: Ако има избори ВМРО ДПМНЕ ќе освои 20,7, а СДСМ 14,6 отсто од гласовите

by Fokus

Ако се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 20,7% од гласовите а СДСМ 14,6% покажува новата анкета која за потребите на МЦМС ја изработи агенцијата М Проспект.
ДУИ има поддршка од 7,8%, Алијанса 2,9% а БЕСА 2,3%. Поддршката на Левица е 5,2%.

Средната оценка која граѓаните и ја дале на владата е 2,44. Најголем дел од граѓаните Владата ја оцениле со 2 односно 28,9% од испитаниците. Тројка добила од 26% а единица од 25,6%

Најголем дел од граѓаните или 65,1% рекле дека Владата не ги исполнила очекувањата во првите 100 дена наспротив 33% кои велат дека ги исполнила очекувањата.

Близу две третини од граѓаните рекле дека живтот во последните 100 дена дополнително се влошил а само 10,7% рекле дека се подобрил. 29% од анкетираните сметаат дека животот останал ист.

Според анкетата Владата има доверба кај само 34,2% од граѓаните наспроти 63,7% кои се изјасниле дека немаат доверба во Владата.

Повеќе од половина граѓани сметаат дека државата се движи во погрешна насока.додека 16,8% велат дека насоката е правилна.

Мнозинството граѓани или 36,3% сметаат дека предвремени избори се најдобриот пат за Македонија. Високи 30,4% се на став дека е потребна целосна мобилизација нза надминување на проблемите, што би рекло формирање на широка Владата, додека само 23,3% се на став дека сегашната Влада има капацитет да продолжи и успешно да се справи со кризата.

За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците беа прибирани со телефонска анкета, а примерокот е национален репрезентативен од 1005 испитаници. Анкетата е спроведена во периодот од 3 до 13 мај 2022 година.

 

https://mcms.mk/images/docs/2022/100_dena_Vlada_analiza_konecna.pdf

 

 

 

Поврзани новости