Македонската радио телевизија соопшти дека најостро ја осудува изјавата на два члена на екипата на култната емисија на Македонското радио „Хихирику“ дека е укината од Македонската радио телевизија.
-Оваа изјава ја сметаме како големо политикантство и понатаму нема да коментираме изјави со дневно политички карактер. Бренд емисијата на Македонското радио Хихирику ниту е укината ниту ќе се укине. Напротив, ќе продолжи со својот живот и понатаму. Поради целокупната состојба во државата и важечките закони, МРТ не е во можност да потпише авторски договори со екипата на Хихирику се до формирање на Влада на Република Македонија. Ова е поткрепено и со дописи од страна на Министерството за финансии. Ова е единствената вистина, се наведува во соопштението на Македонска радио телевизија.