Две фирми ја купиле атрактивната парцела од 9.000 м2 за сума од 312 евра по квадрат спроти скопски ГТЦ, односно хотелот „Холидеј Ин“, на која беше предвидено да никнат 60-катници. Парите се уплатени пред еден месец во државниот буџет, а се работи за 2,9 милиони евра, дознава ТВ24.
Станува збор за купувачи кои се две фирми, во кои како сопственик се води извесен Зoран Антиќ. Првата фирма е М.Г Фешн во сопственост на Антиќ и неговата сопруга Тања, а втората фирмата е „Обновители“ во сопственост на Антиќ и извесен субјект МПЦ.
Од ресорното министерство посочуваат дека на локацијата предвидено е да се градат А2 станбени згради, но и комерцијални објекти. Според градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, урбанистичкиот план ќе се ревидира и на тоа место не би требало да никнат толку високи згради.