756
Владиката Тимотеј во изјава за телевизијата 24 Вести вели дека логично било да ги зголемат цените на услугите на црквата, кога стандардот на македонските граѓани расте. Оваа изјава следува откако МПЦ објави дека го менува тарифникот, што предизвика негодување кај поголемиот дел од јавноста.
Според новиот тарифник, цената на венчањето во црква е поскапа за две илјади денари и сега чини шест илјади денари со еден свештеник и седум илјади со тројца свештеници. Цената на крштевката порасна за илјада денари и сега изнесува четири илјади денари. Погребот пак, од досегашните две ипол илјади денари, поскапе за 500 денари и сега чини три илјади денари.