Иванов: Македонија се чувствува заборавено од ЕУ

by Фокус

-Македонија се чувствува заборавена, напуштена од Европската унија. Ако бевме членки на ЕУ и на НАТО, за што Грција се противи со вето, ние би можеле да се вклучиме повеќе во една заедничка политика, ќе имаме повеќе информации за безбедноста, за да се обезбеди поголема заштита на нашите граници. Сега сме лишени од тоа и изгледа како Европа да нема никаква обврска кон нас, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов во интервју за швајцарскиот весник „Лe Темп“.

На прашање за случајот „Пуч“ и прислушувањето, Иванов одговори дека тоа било обид на опозицијата да привлече внимание. Сепак, тој вели дека интервенирал уште на почетокот и побарал од државните институции да дејствуваат брзо и да ги казнат оние кои го прекршиле законот.

Ова е прво интервју на претседателот по избивањето на аферата со прислушувањето. Тој се нема појавено во некој македонски медиум за да одговара на прашања поврзани со политичката криза во која се наоѓа Македонија.

Поврзани новости