Паралелното пребројување на 95 отсто од гласовите, објавено од агенцијата „Мјара“, навестува пресвртот во односите меѓу водечките партии по денешните парламентарни избори во Бугарија.
Според овие податоци, „Прогресивна Бугарија“ води со 45,3 отсто од пребројаните гласови, ПП-ДБ е на второто место со 12,2 отсто, а ГЕРБ-СДФ е трет со 12,1 отсто.
Потоа, ДПС освојува 7 отсто, додека Преродба е малку над изборниот праг со 4,2 отсто, што значи дека пет партии обезбедуваат влез во парламентот.
Разликата со излезните анкети е и во тоа што БСП не влегува во парламентот, со оглед дека останува под прагот со 3,1 отсто.
Проекциите за распределбата на мандатите, врз основа на податоците од „Мјара“, покажуваат дека „Прогресивна Бугарија“ би имала 135 пратеници во 240-члениот парламент, ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС се изедначени со по 36 мандати, ДПС би освоил 21, а Преродба 12 пратенички места.
Иако станува збор за нецелосни резултати, трендот укажува на стабилна предност на победничката коалиција и можна стабилна парламентарна поддршка.
Излезни анкети: Убедлива победа на „Прогресивна Бугарија“ на Радев