414
Алтернатива ќе чека да завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците, па потоа ќе разговараат за тоа дали ќе останат или ќе ја напуштат владината коалиција.
„Ние сме за компромис и околу распределбата на ресорите. Но, партиските органи ќе одлучат за останување или излегување од владата“, истакна лидерот Африм Гаши
Според него доколку Алијанса за Албанците биде владин партнер, но и ако Алтернатива остане, тогаш ќе има начини и канали за комуникација и соработка, бидејќи како што нагласи, Алтернатива е кооперативна партија.
Тој додава дека нивната партија нема црвени линии за коалициските партнери и дека се подготвени да направат компромис и да отстапат некои од министерските места на кои имаат нивни кадри.