Цените секојдневно растат, и покрај тоа што Владата ги ограничи маржите на одредени производи, сепак имаме чувство дека никој не го контролира она што се случува во маркетите, особено за млечните производи и лебот.
Граѓаните се револтирани, но и беспомошни, кога пазарат се пребројуваат до денар и што попрво да купат, но еве да споредиме какви се цените со една од најпогодените економии од руско-украинскиот конфликт, каде минималната плата е околу 1.811 евра.
Заклучокот е дека намирниците во Германија се поевтини или исти како во земјава.
Цената на лебот се движи од едно евро до 1.30, значи во просек од 60 до 90 денари, кашкавалот достигнува цена од околу 8 евра, тоа е во просек околу 500 денари, брашното пак чини 69 центи, околу 45 денари за килограм.
Цената на млекото пак е околу 99 центи, значи помалку од 60 денари, додека пак цената на фета сирење е пониска отколку кај нас и за 250 грама се плаќа 1,99 центи или 120 денари, додека пак кај нас пакување фета сирење од 400 грама е 359 денари.
Во Германија е поскап можеби само зејтинот, кој достигнува цена и до 3 евра, околу 180 денари.
Сепак и овие цени на Германците не им одговараат и веќе започнуваат социјалните немири, а дел од граѓаните ја обвинуваат и политиката на Олаф Шолц кој воведе санкции за рускиот гас, а минималната плата изнесува 1.811 евра, за разлика од Македонија каде минималната плата е 300 евра.
Симпатизерите на партијата Алтернатива за Германија организираа протести за енергетската безбедност и заштитата од инфлација, а демонстрантите побараа итна промена на владините политики, кои како што изјавија влијаат на покачување на цените на енергенсите и трошоците за живот.
Соња Танеска