Ковачевски молчи за бугаризацијата зашто Заев ги поткопа позициите, реагира ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Антимакедонската СДС нека одговори зошто им пречи законскиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за измени со кои идно формирање и регистрирање на здруженија со имиња со фашистичка позадина, но и ќе се реагира на постоечките здруженија, повикаа од ВМРО-ДПМНЕ, откако СДСМ побара Христијан Мицкоски да објасни што прави во друштво со претседателот на контроверзниот бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.

„Ако СДС е против клубот Цар Борис, зошто не го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто Ковачевски молчи на ова прашање? Дезертерот Ковачевски молчи бидејќи неговиот ментор Зоран Заев со своите изјави ги поткопа македонските позиции. СДС со своите лоши политики даде легитимитет на бугаризација. Ковачевски не направи ништо да спречи отворање на клубови со фашистички имиња во Македонија, напротив тоа го дозволи“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости