Мотоциклист тешко повреден кај Нова Брезница – излетал од патот

by irena 14:14
14:14

МВР информира дека вчера попладне во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во близина на с. Нова Брезница, 36-годишниот В.М. од Скопје, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести