399
Вчера попладне се случила сообраќајна несреќа во Скопје меѓу мотоцикл „Трува“ управуван од К.Н.(21) и патничко моторно возило “Фиат Пунто“ управувано од Л.Б.(55).
Според Министерството за внатрешни работи, од незгодата со тешки телесни повреди се задобил К.Н. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде е задржан на понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот.