Од партијата на Солза Грчева реагираат за уривањето на „Беко“ и Скопско сајмиште

by fokus 11:45
11:45

Од партијата „Глас за Македонија“, на Солза Грчева, регираат реагира на уривањето на објектите на поранешно Беко и на Скопско сајмиште кои се сметаат за заштитен знак на Скопје. Како што велат од таму со уривањето на овие два објекти се прави вандализам врз архитектурата на Скопје.

„Уривањето на Беко трае со недели, а архитектонската фела тоа го преспива или одмолчува. Истовремено, Скопје и Република Македонија после 40 години, остануваат без сајмиште. Речиси од иста природа е последователната одлука, Скопското сајмиште, кое е продадено и има нов сопственик, да се ликвидира, а на неговото место да се изградат станбени згради/секако со деловен простор и нешто трговија!“, велат од партијата на Грчева.

- Advertisements -

Реакцијата ја пренесуваме во целост:

„Се урива значаен заштитен знак на урбано Скопје – објектот во самиот центар на градот, познат како БЕКО и откако претрпе промена на сопственикот и пренамена на функцијата. Уривањето трае со недели, а архитектонската фела тоа го преспива или одмолчува..

Истата таа која се солидаризираше со авторот на објектот на владата, кога без негова согласност се менуваше фасадата, сега не гледа дека вандалски, со моќни средства за деструкција на армиран бетон,  се урива објектот, кој Скопјани од самото отворање, во 1972 година, со симпатии го прифатија и користеа, не само како современ трговски објект, туку и како здание кое го оплемени и му даде современ, европски лик на овој фреквентен дел на Скопје. Таму за првпат се виде голем продажен простор со чисти визури, ентериер до тогаш непознат кај нас..а инвеститорот, познатата БЕоградска КОнфекција, со гордост истакнуваше дека тоа е прва стоковна куќа во тогашната држава, во која архитектот и статичарите успеале даизградат пространи површини, без „шума“ од столбови, кои вешто беа заменети со силна конструкција, „сокриена“ во носечката конструкција кај скалишниот/лифтовски простор..

Новиот, „горд“ инвеститор, на кој ете, му се сонило дека наместо објектот кој веќе не му носи (доволно) профит и треба да се гледа само како градежна парцела на која може да прави што сака, решил да го збрише, како да не постоело, како да е безлична креатура, за која не вреди да се замисли, да консултира автор или архитекти и урбанисти со знаење и професионална етика, кои гледаат подалеку од сумата на хонорарот што го добиваат за услугата..

Има ли кај нас некој што слушнал за „конверзија“- пренамена на функција на постоечки објект со адаптација, без вандализирање на објектот, околината, воздухот на стотици метри од местото на злосторот (уривањето, веројатно и со динамит).. Во современиот свет, на кој толку се повикуваат актуелните моќници/институции и поединци во урбанизмот/архитектурата/градежништвото, се пренаменуваати адаптираат бројни објекти – од вредни историски зданија, до обични индистриски објекти, фабрички хали, стоваришта.. Зошто толку се „мачат“, кога сето тоа може да се стори прав и на негово место да се направи нешто ново, поубаво, поголемо?! Затоа што во чекор со цивилизирањето и развивањето на одговорноста кон животната средина, културниот (и култивиран) свет, изградил свест, дека треба да се почитува  наследеното, да се штедат природните ресурси (од кои се добиваат и градежните материјали) и да се штити животната средина.. се прашува ли некој – каде ќе оди отоадот, колку планини ќе се „нападнат“, а наместо нив, ќе добиеме нови ридишта градежен шут, прав и мртвило!

Така, без глас да крене стручната фела, а наспроти повредената меморија на немоќни Скопјани, заминува од лицето на градот познатата стоковна куќа БЕКО, која беше повеќе од продажен простор.

Додека месециве, проектот на оваа зграда е изложен во њујоршката МоМа (Музејот на современата уметност), како еден од значајните белези на архитектурата од втората половина на 20. век во Европа, Скопје, владата, надлежните власти за планирање на просторот, општинскте советници и градооначалници, стануваат соучесници на урбаниот злостор, кој немилосрдно удира по недолжните граѓани, занемени пред прашањето – до кога/каде ќе оди ова насилство,  примитивизам, неодговорност, алчност!

  1. Скопското сајмиште

Скопје и Република Македонија после 40 години, остануваат без сајмиште.

Речиси од иста природа е последователната одлука, Скопското сајмиште, кое е продадено и има нов сопственик, да се ликвидира, а на неговото место да се изградат станбени згради/секако со деловен простор и нешто трговија! Колку „креативно“, особено што во Скопје и официјално веќе има над 10.000 непродадени станови, а нема ниту еден друг саемски-изложбен простор.

Не навлегувајќи во прописите и правилниците за планирање на намената на просторот/и содржината на ДУП, треба да нагласиме дека големите површини на значајни позиции во градот, не може да се определуваат само според желбата на инвеститорите.. нивната намена треба да се усогласи со јавниот интерес, а во Скопје, над 40 години, колку што поминаа откако се изгради Скопскиот саем, тој, заедно со хотелот, сочинуваше значаен комплекс во којсе сретнуваа производителите, потрошувачите,трговците, граѓаните. Сега таа точка на пресек на економските и културни иницијативи и развој, ќе биде збришана..прво како функција, а постепено и вонашата меморија.. додека низ големите градови во светот, саемските простори се меѓународни средишта на иновации, технолошки напредок, културни промоции и афирмација. За глобалните манифестации Expo, владите подигаат безмалку цели (футуристички) урбани комплекси во кои се натпреваруваат архитектурата и технологијата, ние последната можност за такво нешто, ќе ја банализираме во нешто што одамна е проблем на Скопје и на Македонија – премногу станови во престолнината, испразнети села и градови!

Оваа функција, веројатно привремено, ќе се случува во спортскиот комплекс на другата страна на градот, секако, во слободните термини меѓу матичните спортски настани.

Најмалку што во оваа ситуација може да се каже, е – има ли Скопје Градоначалник, ресорен министер…(како она, „има ли пилот во авионот“?), некој што ќе мисли на подолг рок и за „големата слика“ на Градот, на државата..!?“

Поврзани новости