МОСТ: Во Шуто Оризари регистрирани се 13 случаи на семејно гласање

by Fokus

Граѓанската асоцијација МОСТ излезе со низа нови нерегуларности, кои ги евидентирале во текот на гласањето. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:

ГМ 1238 и 1239, општина Демир Капија, забележани се поголем број лица кои гласаат со придружба, 21 во првиот и 23 случаи во вториот случај. Избирачките одбори ја почитувале постапката и ги евидентирале имињата на лицата кои помагале во дневникот од Избирачкото место.

 Непочитување на постапката на гласање и реакција од избирачките одбори

ГМ 2957 и 2958, општина Шуто Оризари, забележани се по 5 случаи на семејно гласање, додека пак на ГМ 2959, исто во општина Шуто Оризари, забелeжани се 8 вакви случаи.

  • На ГМ 2929 и 2930 во општина Бутел, два гласачи се потпишале на несоодветно место во избирачкиот список. Избирачките одбори направиле записници за двата случаи.
  • ГМ 2955, општина Шуто Оризари, 3 случаи во кои членовите на ИО им помагале на лица да гласаат и им укажувале за кого да гласаат.
  • ГМ 0223, с. Мојно, општина Могила, член на ИО му помогнал на едно лице да гласа.
  • ГМ 0440, с. Неготино, општина Врапчиште, УВ ламбата не функционира од 13 часот. ОИК не била известена за ова, а гласањето не било прекинато.
  • ГМ 0886, с. Бање, општина Чешиново-Облешево, гласач одбил да биде обележан со невидливо мастило и му било дозволено да гласа.

 Технички проблеми со изборниот материјал

ГМ 2960, општина Шуто Оризари, гласањето било прекинато во период од половина час поради тоа што УВ ламбата не функционирала. Направен бил записник, а гласањето продолжило.

ГМ 2949, општина Бутел, гласањето било прекинато во период од 20 минути поради тоа што УВ ламбата не функционирала. Член на ИО набавил нова ламба од ОИК, направен бил записник и гласањето продолжило.

Непочитување на постапката на гласање од страна на гласачи

ГМ 2928, општина Чаир, Гласач го фотографирал глсачкото ливче, повикана била полиција и гласањето било на кратко прекинато. ИО направил записник за случајот.

 

 

Поврзани новости