Денес поголема излезеност на гласање во Кавадарци во споредба со првиот круг

by Fokus

Во Кавадарци до 17 часот излегле 65,94 гласачи на вториот круг од локалните избори. Во споредба со првиот круг на гласање, излезеноста е поголема за 6 проценти. Гласањето се одвива без проблеми.

И во Демир Капија досега има поголема излезеност во споредба со првиот круг. До 17 часот гласале 76,59 проценти, што е за 5,5 проценти повеќе од првиот круг. Во Росоман гласале 66 проценти од граѓаните со право на глас, додека во Градско излезеноста е 62,25 проценти.

Според ОИК, не се регистрирани проблеми во овие општини.

В.К.

Поврзани новости