Српскиот претседател барал од Иванов глас против Косово

by fokus 20:42
20:42

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, денеска изјави дека го замолил македонскиот претседател  Ѓорѓе Иванов  да ја поддржи Србија и да гласа против приемот на Косово во УНЕСКО.

-Го замолив Иванов да го брани нашето историско наследство како што го бран своето- изјави Николиќ за српската агенција „Танјуг“.

- Advertisements -

Иванов рекол дека за тоа ќе одлучувала новата македонска влада, а тој се надевал дека одлуката ќе биде во сечиј интерес.

Инаку, во ноември минатата година Македонија гласаше „за“ Косово да започне процес за прием во УНЕСКО.

Поврзани новости