452
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руската армија ги соборила украинските беспилотни летала кои рано утринава нападнале две нејзини воздушни бази и дека при овие напади тројца војници биле убиени од шрапнели.
Уште четворица руски војници се повредени од, како што е соопштено, остатоци од дронови кои биле пресретнати во базите во руските региони Саратово и Рјазан.
Според Москва, два руски воени авиони биле лесно оштетени од остатоците од беспилотните летала.
Украина не ја коментираше можната причина за експлозиите во базите во Саратов и Рјазан.
Претходно руските медиуми објавија за две експлозии во бази во Русија.
Властите на регионот Саратов, лоциран покрај бреговите на реката Волга, објавија дека ги проверуваат извештаите за експлозија во зоната на воздухопловната база Енгелс, каде се наоѓаат стратешките бомбардери Ту-95 и Ту-60, способни да носат нуклеарно оружје.
Гувернерот на Саратов, Роман Бусгарин изјави дека цивилни објекти не се оштетени.