Одлуката на привремените власти во Приштина да почнат да применуваат неосновани дискриминаторски „правила“ за присилна замена на личните документи и регистарските таблички на локалните Срби од 1 август претставува уште еден чекор кон протерувањето на српското население од Косово.
Ова е наведено во вечерашното соопштение на Министерството за надворешни работи на Русија.
Целта на оваа одлука е „изместување на српските институции од Косово кои обезбедуваат заштита на правата на српското население од самоволието на приштинските екстремисти на чело со „премиерот“ Албин Курти.
– Лидерите на косовските Албанци знаат дека Србите нема да останат рамнодушни кога станува збор за директен напад на нивните слободи и намерно ја ескалираат ситуацијата за да предизвикаат воено сценарио. Секако, цел на острите напади е и Белград, кој Западот сака дополнително да го неутрализира со албански раце – посочуваат од МНР.
Москва ги повикува Приштина и САД и ЕУ, кои стојат зад тоа, да престанат со провокациите и да ги почитуваат правата на Србите на Косово.
– Ваквиот развој на ситуацијата уште еднаш го покажува неуспехот на посредничката мисија на ЕУ. Тоа е и пример какво место е подготвено за Белград во ЕУ, со што се сугерира Белград всушност да го прифати одземањето на правото на своите сонародници – се заклучува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесува српски Курир.