Почина Бил Расел, најтрофејниот кошаркар во историјата на НБА

by fokus

На 88-годишна возраст почина Бил Расел, поранешниот кошаркар на Бостон Селтикс кој 11 пати беше шампион во НБА лигата.

Тоа е и рекорден број на шампионски титули кои ги освоил еден НБА кошаркар.

Покрај тие 11. шампионски прстени, Бил Расел пет пати беше прогласуван за МВП (најкорисен играч на сезоната), 12 пати беше дел од Ол-Стар натпреварите и уште многу други индивидуални трофеи.

Бил Расел е член на Кошаркарската куќа на славните во Спрингфилд и член на Куќата на славните на ФИБА, а од 2009 година наградата за најкорисен играч на финалето на НБА е именувана по него.

Поврзани новости