Московскиот суд му пресуди на Навални да плати 1,4 милиони долари отштета

by fokus

Московскиот арбитражен суд им наложи денеска на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и на неговите соработници да и платат 1,4 милиони долари отштета на фирмата која им доставува храна на московските училишта.

Судот наведе дека Навални, неговата Фондација за борба против корупција и соработникот Љубов Собол треба да платат по 455.000 долари поради клеветење на оваа московска компанија, изјави портпаролката на Навални, Кира Јармиш.

Судот заклучил дека Навални и неговите соработници и предизвикале морална штета на московската компанија и им наложил да ја избришат видео снимката во која го доведуваат во прашање квалитетот на нејзината храна.

Во меѓувреме, државното обвинителство отвори истрага за наводно перење пари на Фондацијата на Навални, што се однесува на 15 милиони долари.

Исто така се замрзанти и одреден број банкарски сметки поврзани со Фондацијата на рускиот опозиционер.

Поврзани новости