837
По смртта на музичарот Масимо Савиќ медиумите пишуваат за морничавата симболика на изведбата на песната „„23 декември“ која што пред четири години Масимо Савиќ ја изведе со неговиот колега Тони Цетински.
Баладата „23 декември“ ја објави Цетински во 1995 и е една од неговите најпопуларни песни, а во 2018 година Савиќ заедно со Цетински ја изведоа во живо на ХРТ на емисијата „А страна“.
Савиќ почина токму на 23 декември откако му беше дијагностициран рак на белите дробови. Голем број музичари и фанови од поранешна Југославија се збогуваат со него.