848
Германскиот министер за економија Роберт Хабек повика да се намали моќта на рускиот претседател Владимир Путин и на крај таа да се уништи.
-Треба да направиме се што можеме за да ја намалиме моќта на Путин и, на крајот, да ја уништиме, изјави Хабек, кој е и германски вицеканцелар, за телевизијата АРД.
Хабек се спротивстави на повиците за итно запирање на увозот на енергија од Русија, додавајќи: „Кога ќе можеме да кажеме дека со нафта и гас имаме обезбедени синџири на снабдување, тогаш можеме да го направиме следниот чекор“.