ФОТО Запрете ја Русија сега, повика Зеленски

by Fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на Фејсбук објави фотографии од уништувањето предизвикано од руската инвазија врз земјата, повикувајќи го Западот да ја запре Русија, бидејќи во спротивно нејзината агресија ќе охрабри и други агресори низ светот да започнат нови војни.

„Ако не ја запрете Русија сега, ако не ја казните сега, други агресори во светот ќе започнат други војни. Во различни делови на светот. На различни континенти. Секаде каде што една земја сонува да ги освои соседите“, напиша Зеленски.

Поврзани новости