Адвокатот на австрискиот монструм Јозеф Фрицл, кој 24 години ја чувал својата ќерка во подрум каде ја малтретирал и со неа имал седум деца, поднесе барање за негово ослободување од затвор.
Адвокатката Астрид Вагнер најави дека се надева оти Фрицл ќе биде префрлен од затвор во дом за стари лица, поради неговата возраст и напредната деменција, како и поради фактот дека „веќе не е опасност“, пишува Sky News.
Според австрискиот закон, секој кој е осуден на доживотен затвор има право на условно ослободување по 15 години.
Судот сега може да одлучи дали да го премести Фрицл во редовен затвор од одделението за високо обезбедување во кое се наоѓа, но Вагнер бара Фрицл целосно да биде ослободен од затвор.
Од март 2009 година, Фрицл отслужува доживотна казна затвор во затворскиот систем за психијатриски болни криминалци во затворот Кремс-Штајн, но поради најновата психијатриска проценка, не се знае дали тој ќе остане таму.