Србите Љ.Н.(32) и негов малолетен пријател (17) од околината на Зрењанин се осомничени дека пред два дена упаднале во куќа на жена (68), брутално ја мачеле, силувале и ограбиле! Жената живее сама, а се сомнева дека напаѓачите го знаеле тоа и го искористиле за грозоморниот напад.
Ја удирале со раце и нозе по целото тело, и се заканувале дека ќе ја убијат и дека ништо нема да остане од неа.
Грозоморното мачење траело неколку часа, а насилниците сурово, во еден момент, зеле нож и почнале да ја тепаат – вели соговорник за српски Блиц.
Како што понатаму наведува, напаѓачите монструозно ја мачеле жената и со нож и нанеле вознемирувачки повреди.
– Со нож издлабиле иницијали на телото на жената. Кога завршиле со неа, ја оставиле да лежи неподвижна среде куќа и побегнале. Што точно украле од нејзината куќа не е со сигурност утврдено – рекол изворот.
Несреќната жена до утрото лежела во повредите, додека не нашла сила да повика помош. Таа била пренесена во болницата Зрењанин, каде и биле констатирани бројни повреди.