МОН: Се стопираат сите постапки за ектерното тестирање

by fokus 10:58
10:58

Министерството за образование и наука соопшти дека сите отпочнати постапки во врска со екстерното проверување на знаењето на учениците запираат.

Вчера Собранието ги донесе измените на законите за основно и средно образование, како и Законот за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта со кои се укина екстерното тестирање.

- Advertisements -

Истите се објавени во „Службен весник на Република Македонија” бр.67 од 1 јуни 2017 година и стапија во сила со денот на нивното објавување.

„Со овие законски измени е укинато екстерното тестирање и истото нема да се спроведува“, велат од министерството.

Поврзани новости