МОН: Продолжуваме со подготовка на дигиталните учебници

by fokus

Редовен состанок со градоначалниците, директорите на училиштата и лицата задолжени за образование во локалните самоуправи одржа денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, на кој разговараа за подготвеноста за имплементација на новите наставни програми за прво и четврто одделение, кои согласно новата Концепција за основно образование треба да се воведат од 1 септември.

МОН информира дека на состанокот беа споделени информации за техничката подготвеност со опрема со која располагаат училиштата, неопходна за успешна реализација на зацртаните реформи, а градоначалниците и директорите истакнаа дека интензивно се подготвуваат и заедно со МОН ќе обезбедат навремен почеток на учебната година и спроведување на новите наставни програми.

– Министерството за образование и наука продолжува со подготовката на дигиталните материјали за учење и покрај повлекувањето на Предлог-законот за учебници од собраниска процедура. Новите материјали за учење се изработуваат согласно усвоените нови наставни програми кои треба да обезбедат поголема интерактивност за време на наставата и да го поттикнат креативното и критичко размислување кај учениците. Сите промени во основното образование се предвидени со новата Концепција, усвоена преку широка јавна дебата при што предвид е земено мислењето на сите засегнати чинители, а особено и на експертската јавност, соопшти МОН.

Поврзани новости