Османи: ФФМ има обврска да го користи уставното име

by fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи беше на средба со првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини. Од МНР информираат дека Османи му честитал на Сејдини за дебитанскиот напревар на репрезентацијата на Европското првенство, но и посочил за обврските околу употребата на новото уставно име на државата.

-Централна тема на средбата беа предизвиците со кои се соочува именувањето на националната фудбалска федерација како и фудбалската репрезентација на земјава. Османи посочи на законските обврски за примена на уставното име за организациите кои ја преставуваат земјата и кои било каков начин примаат дотации или друг вид финансирање од државата. Соговорниците се согласија дека на оваа тема ќе ѝ пристапат со добра волја и позитивен пристап, со цел да се надминат сите несогласувања и предизвици кои се појавуваат, соопштија од МНР.

Поврзани новости