МОН ќе го „чешла“ учебникот по Историја за седмо одделение

by Fokus

Комисија формирана со одлука на министерот за образование и наука ќе ја преиспитува содржината на учебникот по Историја за седмо одделение. МОН соопшти дека примило повеќе претставки дека одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност.

Во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат дека претставките се основани.

-Во зависност од обемноста на материјата која треба да се преработи, ќе биде донесена одлука за корекција на постојниот или за изработка на целосно нов учебник по соодветниот предмет, соопшти МОН, но не прецизира на што конкретно се однесуваат претставките за учебникот.

Поврзани новости