МОН: Ќе ја прифатиме секоја иницијатива за нов универзитет на албански јазик

by Фокус

-МОН ќе ја прифати секоја иницијатива за нови институции на високо образование на Албански јазик и истите ќе ги разгледува. Одлуките на МОН ќе бидат во склад со потребите на Албанците за квалитетно образование на албански јазик, посебно за Скопје, се вели во одговорот на Министерството за образование и наука (МОН) на веста дека ДУИ планира да отвори нов универзитет, која ја објави телевизија Алсат М.

Од МОН велат дека оваа иницијатива не произлегува од нив за да ја негираат и додаваат дека ниту една иницијатива не треба да се сфати и да се гледа во негативна конотација за Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), бидејќи овој Универзитет бил, и ќе останел, национален проект и ќе имал целосна поддршка на МОН и на Владата на РМ.

 

Поврзани новости