МОН: Државните универзитети годинава имаат 26.105 места за студентите

by Фокус

Министерството за образование и наука известува дека вчера владата донела одлука за распишување на конкурс за упис на студенти на државните универзитети, на кои, како што информираат од МОН, оваа година има обезбедени 26.105 места за упис на студенти, и тоа 13.953 места за редовни студенти во државна квота, 8.367 места за редовни студенти со кофинансирање и 3.785 места за вонредни студенти.

„Со тоа обезбедени се доволно места за упис на сите заинтересирани матуранти, како и за други лица заинтересирани за студирање на државните универзитети. При утврдување на бројките за упис на студенти се водеше сметка за потребите на пазарот на трудот во Република Македонија, дефицитарноста на струките и расположливите можности за вработување, бројот на студенти за кои се акредитирани факултетите, како и за показателите за интересот на средношколците за упис на одредени факултети изминативе години“, соопштија од министерството.

Поврзани новости