Момчињата во тајландската пештера се уште не може да бидат извлечени, не се подготвени за нуркање

by fokus

Тајландските спасувачи кои се обидуваат да ги спасат 12-те деца и нивниот тренер заглавени во една пештера во Тајланд, денеска соопштија дека момчињата се уште не се подготвени за нуркање, па затоа не може да почне операцијата за нивно извлекување.

Сепак, гувернерот на провинцијата Луанг Рај, Наронгсак Осатанаком, која раководи со спасувачката операција, на прес-конференција изјави дека доколку очекуваните обилни врнежи од дожд предизвикаат покачување на нивото на водата во пештерата, нуркачите ќе се обидат да ги извлечат децата.

Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

Во меѓу време, како што јави ДПА, тренерот на малдите фудбалери преку нуркачите достави писмо во кое ги моли родителите на момчињата за прошка.

Поврзани новости