738
На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое две момчиња брутално претепуваат девојка и се снимаат. Девојката ги моли да престанат, а тие ја обвинуваат дека излажала дека е бремена.
Поради заштита на приватноста и интегритетот на жртвата, Фокус нема да го сподели видеото.
Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска соопшти дека насилниците се веќе идентификувани и најави настроги санкции.
-Почитувани, на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување.