457
Областа на Спил синоќа беше погодена од силно невреме, проследено со грмотевици, а едно момче почина.
Во моментот кога почнало невремето, луѓето брзо ја напуштале плажата, а момчето било удрено од гром кога излегувало од морето.
Иако Брза помош стигнала за кратко време, не успеале да му помогнат на момчето, а околностите на оваа несреќа се уште се утврдуваат.