Бомба во Титаник: Дерковски, претседателот на ДИК, ангажирал вработени во администрација да лепат плакати

by fokus

И гласот на атуелниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски, денеска се слушна во Кривичниот суд, во една од бомбите презентирана во Кривичниот суд, на рочиштето за случајот Титаник. Разговорот е воден два дена пред изборите во 2011 година.

Тогашниот директор на Македонска железница, Дерковски, добивал инструкции од Миле Јанакиески за ангажирање на членовите на партијата за лепење плакати и тоа на партијата СДПМ, која како кандидат предложуваше двојници на СДСМ, како Рада Шеќерова.

-Во 7 во штаб, до 9 да излезат од месните и општинските комитети, во 10 да излезат нивни роднини и пријатели, а до 12 часот да излезат сите вработени, му вели Јанакиески на Дерковски.

Со друг соговорник пак Јанакиески вели: Се што е вработено во администрација во Гевгелија да излезат и да одат од врата на врата.

 

Поврзани новости