358
Момче синоќа загина на патот Скопје-Средно Водно, откако со моторот кој го управувал удрил во металните браници на патот.
Во сообраќајката учествувал мотоцикл марка „Сузуки 750“ со скопски регистарски таблици, управуван од граѓанин на Скопје, роден 1994 година. Тој со мотоциклот удрил во метални еластични браници.
По незгодата со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен Центар при Комплекс Клиники Мајка Тереза каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по извесно време им подлегнал на повредите.