Јанева очекува оние кои не се одзвале на поканите, тоа да го направат оваа недела

by fokus

Специјалната обвинителка Катица Јанева вчера кусо изјави дека очекува сите лица кои биле повикани на распит во СЈО неделава да бидат сослушани.

-Јас се надевам дека неделава ќе дојдат да дадат исказ сите тие што беа повикани минатата недела, но не дојдоа. Неделава очекуваме во СЈО исказ да дадат и други лица поврзани со тековните предмети, рече Јанева.

Вчера на распит во СЈО беа најбогатиот Македонец, Орце Камчев, како и министерката за култура, Елизабета Канческа Милеска.

Поврзани новости