356
Дваесет и едно годишниот А.И. од село Ваксинце е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера на регионалниот пат село Липково-Куманово.
Од полицијата информираат дека А.И. управувајќи автомобил „Ауди“, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво.
Возачот бил пренесен во кумановската болница од каде по барање на родителите е препратен во Ургентниот центар во Скопје каде му се констатирани тешки повреди.