0
Малолетна девојка од скопското село Бојане на автобуска постојка во Сарај била нападната со нож од поранешното момче од селото Грчец, соопшти полицијата.
„На 17.12.2024 во 21:30 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од с.Бојане, скопско, пријавила дека на 15.12.2024 околу 20:30 часот на автобуска постојка во с.Сарај, скопско, нејзината малолетна ќерка била физички нападната со остар предмет. Според пријавата, малолетничката е нападната од нејзиното поранешно момче Б.П. од с.Грчец, скопско“, пишува во билтенот на МВР.